| четврток, 6 декември 2018 |

Trainspotting (Броење возови)

gorazd-capovski-90x115

Колумнист: Горазд Чаповски

ЕУ е во кри­за — ег­зи­стен­ци­јал­на, долж­нич­ка, си­сте­мат­ска. Не­ко­гаш­ни­от сон за уни­ја зас­но­ва­на на еко­номскa сло­бодa, без псев­до­мо­рал, ин­те­ле­кту­а­лен сно­би­зам и ели­ти­зам, се чи­ни сè по­ве­ќе ста­ну­ва фик­ци­ја. Не оста­на мно­гу од бла­го­род­на­та иде­ја за ед­на кос­мо­по­лит­ска, над­на­ци­о­нал­на за­ед­ни­ца, ко­ја по­чи­ва на про­ста ево­лу­тив­на ин­те­гра­ци­ја без па­тро­на­жа на се­моќ­ни­от Бри­сел. Не­по­треб­на­та уни­фи­ка­ци­ја и по­ли­ти­ка­та на каз­ну­ва­ње на ма­ли­те на­ро­ди со ин­си­сти­ра­ње за при­фа­ќа­ње ди­кта­ти што европ­ски­те би­ро­кра­ти сè по­че­сто ги на­ре­ку­ва­ат „ком­про­ми­си“, пра­ват од ЕУ еден за­тво­рен, по­зер­ски клуб, кој во пос­лед­но вре­ме до­а­ѓа во ко­ли­зи­ја со сопс­тве­ни­те прин­ци­пи. Ма­те­ри­јал­на­та до­би­вка — фа­моз­ни­те фон­до­ви на ЕУ, кои, за вол­ја на ви­сти­на­та, прет­ста­ву­ва­ат го­лем мо­тив за ис­пол­ну­ва­ње на бе­ско­неч­ни­те ус­ло­ви, во бе­ско­неч­ни­те пог­лав­ја — ста­ну­ва сè по­маг­ле­ста и ап­стракт­на ка­те­го­ри­ја.

Тоа гор­ко искус­тво, без иск­лу­чок, го по­чув­ству­ваа си­те зем­ји од исто­кот, кои ѝ при­ста­пи­ја на Уни­ја­та. Сла­би­те пост/ко­му­ни­стич­ки сто­панс­тва не беа во мож­ност да им кон­ку­ри­ра­ат на раз­ви­е­ни­те за­пад­ни еко­но­мии. Де­ка ЕУ е до­бар тр­го­вец, мо­же да се ви­ди и во неј­зи­ни­от од­нос кон Ма­ке­до­ни­ја: се ба­ра ком­про­мис за име­то, а за воз­врат не се ну­ди ре­чи­си ни­што. Маг­ле­сти фло­ску­ли од ти­пот „до­би­ва­ње да­тум за да­тум“, во нај­ма­ла ра­ка, се чи­нат не­се­ри­оз­ни.

„Евро­па или ха­ос“ е нас­лов на тек­стот на фран­цу­ски­от фи­ло­зоф Бер­нар Ле­ви, кој го пот­пи­шу­ва­ат во­деч­ки­те европ­ски ин­те­ле­кту­ал­ци, ме­ѓу кои и Ум­бер­то Еко, Сал­ман Руж­ди, Кла­у­дио Ма­гри­си и дру­ги, а го об­ја­ви­ја во­деч­ки­те европ­ски вес­ни­ци, ме­ѓу кои „Л’ Монд“, „Ел Па­ис“, „Фран­фур­тер ал­ге­мај­не цајт­нуг“… Су­шти­на­та на тек­стот е тоа де­ка Евро­па — се­ка­ко, не ка­ко ге­о­граф­ски,ту­ку ка­ко по­ли­тич­ки по­им — не е са­мо во кри­за, ту­ку во претс­мрт­на аго­ни­ја. Пот­пис­ни­ци­те на тек­стот сме­та­ат де­ка Евро­па се рас­па­ѓа — од За­пад кон Исток и од Се­вер кон Југ. Раз­ни­те по­пу­лиз­ми и рас­теч­ки­те шо­ви­низ­ми, иде­о­ло­ги­ја­та на омра­за и на изо­ла­ци­ја, про­тив кои Евро­па тре­ба да се бо­ри, на сра­мен на­чин ста­ну­ва­ат при­фат­ли­ви. Евро­па се рас­па­ѓа и во бе­скрај­на­та кри­за на за­ед­нич­ка­та ва­лу­та и раз­ли­ки­те во мо­не­тар­на­та и во фи­скал­на­та по­ли­ти­ка на зем­ји­те што се член­ки.

Во тој кон­текст ин­те­ле­кту­ал­ци­те, или „екс­пер­ти­те“ – ка­ко са­ка­те, по­ра­чу­ва­ат де­ка ако под ит­но не се пре­зе­мат ефи­кас­ни мер­ки за кон­со­ли­да­ци­ја и не се пре­зе­мат ре­ши­тел­ни че­ко­ри во пра­вец на по­ли­тич­ка ин­те­гра­ци­ја, Уни­ја­та или ќе го за­гу­би сво­е­то зна­че­ње, или ќе по­то­не во ха­ос.

„Тоа е из­вес­на, не­из­беж­на, смр­то­нос­на перс­пе­кти­ва на ед­на бла­го­род­на и из­во­нред­на иде­ја. Сè дру­го, ве­ту­ва­ња за ед­ни, до­го­во­ри со дру­ги, раз­но-раз­на ви­зан­ти­ска по­ли­ти­ка во 21 век, са­мо ја од­ло­жу­ва не­ми­нов­но­ста на смрт­ни­от час“, се ве­ли на кра­јот од тек­стот.

Сѐ до­де­ка го­ле­ми­те игра­чи не го оди­гра­ат до крај „пле­јо­фот“, се чи­ни, Ма­ке­до­ни­ја ќе би­де осу­де­на на бе­ско­неч­но и де­при­ми­рач­ко „Бро­е­ње во­зо­ви“.

(објавено во 24. број на неделникот „Република“, 15.02.2013)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top