| четврток, 6 декември 2018 |

Букет

Mojso_Mojsovski_90

Колумнист: Мојсо Мојсовски

Мо­рам да приз­нам, од оваа вре­мен­ска ди­стан­ца, де­ка „Бу­кет“ не бе­ше во прв план во тие 70-ти го­ди­ни за ге­не­ра­ци­ја­та што „про­ле­ту­ва­ше“. Што ќе ре­че поч­на да дреж­ди на кор­зо, да оди по ма­ти­неа (игран­ки во ра­ни­те поп­лад­нев­ни ча­со­ви по фи­скул­тур­ни са­ли и ма­ал­ски до­мо­ви на Со­ци­ја­ли­стич­ки­от со­јуз), да пие ка­фе во „Ма­ке­до­ни­ја“ и да бе­га од ча­со­ви за да оди на фуд­бал­ски нат­пре­вар.

Кор­зо­то бе­ше еден вид за­ра­за, ег­зе­ма што мо­ра да се ис­че­ша се­којд­нев­но, на­ви­ка што не се здо­би­ва ту­ку се нас­ле­ду­ва. Ај што це­ла мла­ди­на од ра­но на­ве­чер, па сѐ до пос­лед­ни­те град­ски авто­бу­си за до­ма вр­те­ше во дол­ги зби­е­ни ре­до­ви во круг по Мар­шал Ти­то, Вељ­ко Вла­хо­виќ и по­крај Са­мо­ис­хра­на до пло­штад, па на­кај Ке­нан и Пан­та до Мост и на­зад, по­сто­е­ја и друш­тва на сто­ја­чи на тро­то­ар. Тие ка­ко ско­ло­вран­ци на­ре­де­ни на жи­ца ме­ѓу две бан­де­ри цуп­каа и гле­даа „ка­ко жа­ба у ти­њак“ во ре­до­ви­те ше­та­чи не­ма ли да ја ви­дат „осо­ба­та“, да и до­фр­лат не­што од ти­пот „и ти ли фа­ти деч­ко“ во не­мо­ќта од не­ло­јал­на­та кон­ку­рен­ци­ја.

Е овие сто­ја­чи­ве пр­ви до­а­ѓаа, а пос­лед­ни го на­пу­штаа те­ре­нот – се­кој со сво­ја­та осво­ју­вач­ка суд­би­на и сре­ќа. Лес­но им бе­ше лет­но вре­ме. Бав­чи­те на Арап­ска, кај Јо­ле и По­чу, во Ма­ке­до­ни­ја беа при­бе­жи­ште по кор­зо­то. Ту­ка се раз­ви ед­на уго­сти­тел­ска фе­ла на­ре­че­на „еден пие дру­ги­те гле­да­ат“. Па­ри се­ко­гаш се не­ма­ло, а кел­не­ри­те гле­даа низ пр­сти, бел­ки не­ко­гаш ќе има­ат и па­ри, важ­но да им вле­зе ка­фе­ан­ска­та чи­ви­ја.

Зим­но вре­ме при­каз­на­та бе­ше дру­га. Пре­мрз­на­ти во ли­ти ка­пут­чи­ња и со кон­дур­чи­ња со те­нок ѓон ќе се рас­прс­неа по окол­ни­те вр­та­ли­шта на топ­ле­ње. Ту­ка беа Ва­ни­ла, кар­ши Али­ја Хо­џиќ, сла­ткар­ни­ца По­шта, Пе­ли­стер, Ме­тро­пол и уште не­кои (на кои се­га не се се­ќа­вам до­вол­но) во пред­ност, по­ра­ди бли­зи­на­та.

Во Бу­кет се оде­ше со по­себ­на иде­ја, со га­стро­ном­ско-пи­јач­ки ме­рак. „Иде­ме у Бу­кет на гре­а­но ви­но и на пом­фрит“ гла­се­ше нај­а­ва­та што ја сле­деа са­мо нај­у­пор­ни­те и нај­из­држ­ли­ви­те. Тре­ба­ше да се дој­де до Но­ва Ма­ке­до­ни­ја во ба­ра­ка­та во ко­ја, глав­но, по цел ден се­деа но­ви­на­ри, глум­ци и ба­ди­јал­џии. Да­ли ќе има ме­сто бе­ше дру­го пра­ша­ње.

Вна­тре не тол­ку топ­ло, но до­бро за­ча­де­но и не­про­ве­тре­но. На ма­си­те со чар­ша­фи фле­ко­са­ни од ви­но, чкем­бе-чор­ба и од мас­ло­то на шоп­ска са­ла­та се­дат стис­на­ти до не­при­стој­на ди­стан­ца го­сти од нај­раз­лич­на про­ве­ни­ен­ци­ја, од кои по­доц­на не мал­ку­ми­на се здо­би­ја, оправ­да­но или не, со зва­ње­то бо­ем. И тоа скоп­ски бо­ем! Им го­де­ло тоа, ве­ру­вам, а не ни зна­е­ле де­ка бо­е­мот е ка­ва­лер, уба­во вос­пи­тан, знае да сви­ри нај­мал­ку на еден ин­стру­мент, ре­ци­ти­ра уба­во и до­бро „др­жи“ пи­јач­ка, а до­ма ре­тко се при­би­ра! Овие на­ши­ве бо­е­ми имаа пе­тки са­мо по пи­е­ње. Ко­га ед­наш-два­па­ти ќе се по­чув­ству­ва се­то ова, не­што ка­ко да те вле­че во Бу­кет. Мо­же­би тоа до­а­ѓа со вре­ме­то – кор­зо­то се за­ме­ну­ва со ка­фе­а­на.

Де­нес е лес­но – ка­фи­ќи и бир­тии кол­ку са­каш. Бо­ем­шти­на на скоп­ски на­чин ич. А, мо­же­би, и не е та­ка. Не сум бил во нај­но­ви­от Бу­кет! Тој има сво­ја та­зе при­каз­на!

(објавено во 22. број на неделникот „Република“, 1.2.2013)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top