| четврток, 6 декември 2018 |

Отказот е се поблиску, Мурињо ќе си замине само со 9,5 милиони фунти

По најновиот пораз на Челси и тоа во дербито со Ливерпул на „Стенфорд Бриџ“ од 1-3, менаџерот Жозе Мурињо ја загуби и подршката од сопственикот, Роман Абрамович. Се погласни се шпекулациите кои во последните неколку недели кружат во Англија дека Португалецот нема да го дочека крајот на сезоната.
Весникот „Мирор“ во денешното издание обелоденува дека одлуката за смена на „специјалниот“ е веќе донесена, а рускиот милијардер веќе разговарал со клупските директори околу парите што би требало да му се исплатат на Португалецот доколку соработката биде прерано прекината од страна на лондонскиот тим.
Со оглед на фактот дека Челси потпиша нов договор со Мурињо, се спомнуваше клаузула во договорот од околу 20 милиони фунти доколку дојде до превремен раскин. Сепак Абрамович ќе се обиде да го убеди својот омилен тренер, да си замине од клупата за најниската сума која ќе му ја понуди, а таа изнесува 9,5 милиони фунти.
Англиските медиуми не ја исклучуваат можноста Мурињо да биде отпуштен во текот на денешниот ден, иако поголема е веројатноста тоа да се случи во текот на утрешниот ден, за Абрамович да добие дополнително време при договарањето на неговиот наследник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top