| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно актуелна старата рана на МЗТ, пораз во второто полувреме од Крка

mzt

Екипата на МЗТ Скопје доживеа пораз на гостувањето кај Крка во рамките од осмото коло од АБА лигата со 72-68 (10-14, 19-23,24-12,19-19).
Македонскиот шампион одлично го започна натпреварот ја контролираше играта и имаше предност на полувремето од осум поени предност.
Сепак старата рана која им создава проблеми на избраниците на Алеш Пипан повторно беша актуелна како во првите неколку воведни кола од новата сезона во региналното натпреварување, кога при голема предност „металците“ не знаат како да ја сочуваат и да го одведат натпреварот до крај и до нова победа.
Тоа се случи и вечерва во Словенија кога Крка со целосен пресврт во третиот период одигра маестрално добивајќи ја третата четвртина со 12 поени предност и преземајќи ја контролата на играта во свои раце.
Во последниот период МЗТ се обиде да дојде повторно до пресврт, но во тоа не успеа и го впиша четвртиот пораз.

Најефикасен поединец кај МЗТ беше Мијатовиќ со 16 поени, 11 поени постигна Луковиќ, а по девет поени Стојановски и Љубичиќ. Кај домашните предводеше Лалиќ со 20 поени, а по 12 запишаа Катниќ и Иванов.

Со новата победа Крка се израмни со МЗТ на табелата со половичен успех од осум кола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top