Шпанскиот напаѓач Алваро Негредо оваа сезона во Примера дивизија игра слабо и под своите можности. Тој досега запиша само три настапи за Валенсија и постигна само еден гол. Откако минатата сезона настапуваше за шпанскиот тим како позајмен играч од Манчестер Сити, ова лето Валенсија го откупи договорот со цел да добие силно засилување во нападот.
Сепак Негредо е во судир со тренерот Нуно Санто, поради што веќе е извесно дека ќе заврши неговата епизода во Валенсија. Негредо е веќе отпишан и за следниот меч на Валенсија против Леванте.
– Алваро нема да биде во тимот, тоа е се што можам да кажам. И, мислам дека е доволно – вели тренерот на шпанската екипа.
Санто дополни дека се уште не донел конечна одлука околу Негредо затоа што има време до јануари, но јасно е дека офанзивецот ќе мора да ги пакува коферите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И официјално: Реал Мадрид го „шутна“ Хулен Лопетеги!
-
Неверојатно: Селекторот на „сомбрероси“ на натпреварот ја донел и жената и љубовницата
-
Стоперот на Валенсија откри каква „сочна“ порака добил од Суарез (видео)
-
Валенсија поразена на гостувањето кај Лас Палмас, натпреварот го заврши со 9 играчи (видео)