Ева Карнеиро, поранешниот лекар на Челси, ја доставила тужбата до надлежниот суд и Челси за „конструктивен отказ“. Документацијата е доставена и сега се очекува одговорот на Трибуналот и старт на судска постапка. Сепак, оставена е можност до тоа да не дојде во случај следните денови двете страни вонсудски се договорат.
Ева Карнеиро одбила да потврди или коментира дали е доставена тужбата до клубот, или сепак ќе му прости на поранешниот клуб. Но, самото тоа што не негирале за покренатата постапка говори дека е цврсто е решена да им се одмазди на Мурињо и на Челси за разрешувањето од функцијата во сениорскиот тим. Како што е познато, Карнеиро беше разрешена од должноста на лекар на првиот тим на 8. август, откако беше и вербално нападната од Жозе Мурињо за време на натпревар. Мурињо беше ослободен од ФА за вербален напад, но Карнеиро уште тогаш најави дека на друг начин ќе ја бара правдата.
Докторката по овој инцидент го привлече вниманието на пошироката јавност, а за неа се открија и детали од нејзиниот личен живот и љубовни врски. Секако, не остана незабележана и нејзината природна убавина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


