| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка тврди дека со зборови го излекувала синот од аутизам

Психологот Олга Ваљајева откри едноставен рецепт, кој значително ѝ помогнал да победи во борбата со аутизмот на нејзиниот постар син.

majka-i-sin-1446139971-71394

Соочена со оваа тешка болест и решена по секоја цена да истрае во борбата со неа, Олга го носела детето кај голем број лекари. Еден од нив, психијатар, ѝ дал непроценлив подарок. И раскажал за практиката на терапија за аутизмот во една клиника во Англија.

Мајките на деца што боледуваат од аутизам  секоја вечер, во подолг временски период, спроведувале едноставна терапија. Чекале да им заспие детето, а потоа, по 15 минути, кога детето ќе влезе во активна фаза на сон, зборувале:

– Те сакам! Се гордеам со тебе! Пресреќна сум што си ми син! Ти си за мене најдобриот син на светот!

Докторите од таа клиника направиле споредба на децата на кои мајките им кажувале колку ги сакаат додека спијат, со децата на кои никој ништо не им зборувал. Резултатите биле зачудувачки: децата на кои кажувале зборовите полни со љубов многу побрзо закрепнувале.

majka-i-sin-1446139924-71396

Олга вели:

– Прво на синот му ги кажував само тие зборови. Подоцна почнав да импровизирам и да додавам и други зборови полни со љубов.  Важно е тоа што татко му и јас му зборувавме. Му зборевме дека тој е нашето посакувано дете. Оттогаш поминаа пет години, а јас и денес секоја ноќ им шепотам на моите двајца синови. На секој од нив посебно, секоја ноќ. Мојот постар син веќе не боледува од аутизам. Сигурна сум дека мојата ноќна терапија ја одигра својата улога!

majka-i-sin-1446139924-71398

Во ниту еден случај не изговарајте ги овие зборови махинално и само поради терапијата. Зборовите многу помагаат кога во нив се вткаени чувства. Затоа треба да ги изговарате полни со искрени емоции. Кај моето дете забележав дека зборовите ја одигруваат својата лековита улога кога длабоко воздивнуваше откако ќе ги чуеше. Тоа значи дека кај  него доаѓа до отпуштање и дека му го снемува внатрешниот грч.

Терапијата  на лекување со љубов не треба да трае долго . Само три до пет минути исполнети со силни емоции. Најважно е тоа да го правите секојдневно.

Не пропуштајте да му ги кажувате овие зборови на детето и преку ден, по неколку пати. Без каков било повод, кога поминувате покрај него, нежно гушнете го, бакнете го во тилот. Ќе ви го запомни тоа до крајот на животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top