| четврток, 6 декември 2018 |

Не прескокнувајте оброци, така се дебелеете

Губењето на тежината не зависи само од она што јадеме туку и од способноста на нашето тело да ги согорува калориите. Основните правила се исти за сите. Тоа значи – не прескокнувајте ги оброците, зашто тоа дебелее.

Земањето оброци го забрзува метаболизмот, согорувајќи ги мастите. Последниот дневен оброк изедете го најмалку три часа пред да одите на спиење. Во сон, метаболизмот се забавува, а мастите се таложат. Тука се и дневните активности, а првенствено редовното занимавање со спорт, кои го забрзуваат метаболизмот.

Со комбинација на урамнотежената диета и телесните активности, секое лице може да ја намали тежината.

Урамнотежената диета подразбира исхрана која се состои од 55 отсто јаглени хидрати, 15 отсто белковини и 30 отсто масти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top