Најголем раст на платите во август бележи секторот уметност, забава и рекреација, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Тука платите се зголемиле за 11,9 отсто, објави „Е-магазин“.
Според ДЗС зголемување на платите исто така имаат и вработените во рударството и вадењето камен и тоа во просек за 7,8 отсто, а плати поголеми за 7,6 проенти од лани, примиле и стручните, научните и техничките работници.
Стручните, научните и техничките кадри имале најголемо зголемување на платите и на месечно ниво и тоа за 8,3 отсто.
За 5,2 проценти пак, пораснале примањата на вработените во објектите за сместување и сервисните дејности со храна, а за 4,4 проценти на работниците во дејноста информации и комуникации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


