| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар со нов пораз во СЕХА

Македонскиот шампион Вардар го забележа и вториот сезонски пораз во седмото коло од СЕХА лигата, откако во „Јане Сандански“ загубија од белорускиот Брест Мешков со 27:28 (11:15).

vardar-rakomet-4

Гостите од Белорусија уште во првите седум минути од мечот поведоа со 0:5, потоа Вардар се подразбуди, но гостите сепак на полувреме заминаа со предност од четири гола 11:15.

Во второто полувреме Вардар успеа да израмни на 19:19, но тоа беше се што домаќините сторија, Мешков се врати во водство и го задржа до самиот крај.

Најефикасен кај Вардар беше Алекс Душебајев со шест гола, по четири постигнаа Брумен и Циндриќ, а по три Манасков и Македа. Арпад Штербик имаше девет одбрани. Во гостинскиот состав најефикасен беше Растко Стојковиќ со осум гола, а по четири постигнаа Кристопанс и Бабичев

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top