| четврток, 6 декември 2018 |

Двојна изведба на балетскиот спектакл „Лебедово езеро“

Денеска (28 октомври) и в петок (30 октомври) со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“, ремек дело на балетската класика. „Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат: Улогата на Одета/Одилија ќе ја толкува Марија Кичевска-Шокаровска во двете изведби. Улогата на Принцот Зигфрид ќе ја толкува Васил Чичијашвили, првенец на македонскиот балет, исто така во двете изведби. Во улогата на Ротбарт, ќе настапи Дојчин Дочев, гостин од Бугарија.

Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Бисера Чадловска. Настапува комплетниот балетски ансамбл на МОБ.

Исто така сакаме да Ве информираме дека на барање на Народното позориште од Сараево, по втор пат, во улогата на Арман, во балетската претстава „Дамата со камелии“, ќе настапи првенецот на македонскиот балет, Бобан Ковачевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top