Иницијативата „Доста е“ и здружението „Солидарност“ изминативе два дена организираат протести пред зградата на Владата на кои се појавуваат педесеттина активисти на СДСМ. Според нив, поводот за таквото собирање е потребата за поголема внимателност во сообраќајот и превенцијата од жртви во сообраќајот, но на таквиот собир нема никакви граѓански пораки, ниту пак повици за поголема превенција од сообраќајни жртви, туку само политички пораки на опозицијата.
Пред Владата ечеше „Долу влада“, зборови кои ги извикуваа педесеттина собрани активисти претежно членови на СДСМ и присутни на сите нивни поголеми партиски протести, никаква граѓанска димензија ниту општествена одговорност.
Очигледно СДСМ затскривајќи се по којзнае кој пат зад наводен граѓански активизам, спроведува политичка хајка и злоупотреба на граѓаните чија пресметка говори дека доколку јавно кажат дека целта на собирот е превенција на жртви од сообраќајот така ќе може да приберат повеќе граѓани кај себе имајќи во предвид дека станува збор за тема која подеднакво ги засега сите.
Но СДСМ прави класична злоупотреба и води некрофилска политика каде од жртви на сообраќајни незгоди прави политика и сака да лови гласови.
Имено, сите се согласни дека сообраќајната култура е нешто што зависи од сите граѓани и сите учесници во сообраќајот, а во делот на властите е регулирање на истиот и обезбедување на соодветна инфраструктура што секојдневно се прави преку нови улици, нови булевари, изградба на пешачки патеки и слично.
Ова е уште еден пример дека СДСМ не бира средства како да стигне до потенцијални гласачи злоупотебувајќи и манипулирајќи ги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.