Поранешниот бразилски репрезентативец и виртуоз Роналдињо, кој е освојувач на златната топка за најдобар светски фудбалер, изјави дека негов легитимен наследник е 23-годишниот фудбалер на Барселона, Нејмар.
Младиот Бразилец се очекува да ги достигне успесите на Роналдињо и во скоро време да биде прогласен за најдобар фудбалер на светот.
Роналдињо настапуваше во Барселона пет години во периодот од 2003 до 2008 година и ја освои Лигата на шампионите како и две титули во шпанската Примера дивизија. Тој верува дека Нејмар ќе влезе во историјата на фудбалот.
– Тој е одличен фудбалер и нема дилеми дека ќе влезе во историјата на оваа игра. Нејмар ќе го повтори она што претходните Бразилци го направија во Барселона, ќе ја освои Златната топка и можам да кажам дека го сметам за мој наследник – изјави Роналдо по прошталниот меч на Мустафа Хаџи.
Триесет и петгодишниот Бразилец минатиот месец го напушти Флуминенсе, но порача дека и следната сезона ќе игра фудбал.
– Следната сезона ќе му се вратам на фудбалот, но не знам во кој клуб. Сега сум комплетно фокусиран на одморот за да се вратам посилен – заклучи Роналдињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.