Стопанската комора на Македонија денеска ја официјализира соработката со Виенскиот економски институт и најави суштински промени во работењето.
Како што рече претседателот на Комората Бранко Азески, досегашната филозофија на површински критики за одредени состојби се менува во сосема поинаква фаза – нудење решенија кои ќе бидат подобри од постоечките, но и засновани на научни истражувања, како и на компарирање на искуството на истражувањата со реалните проблеми.
– Ова се нашите сет мерки за излез од ситуацијата од која не сме задоволни. Стопанската комора е стигната до преломна точка и мора да направи исчекор – промена во филозофијата на работењето. Сметаме дека на ваков начин, со научно-издржани анализи и истражувања, ќе придонесеме надлежните да дојдат до правилна оценка за одредени состојби, а со тоа и да донесат правилни решенија кои ќе го поттикнат бизнисот, напомена Азески во обраќањето пред стопанствениците.
Воедно посочи дека во време кога силно се зборува за присуство на странски инвеститори во земјава, треба да се знае дека и Македонија има компании кои отвораат производствени капацитети надвор од државата. Тоа беше вовед во презентацијата на фирмите – членки на Комората кои располагаат со компании во странство, пример кој- како што потенцира Азески, треба да го следат и останатите бизниси.
Тој најави дека Стопанската комора во април догодина ќе биде домаќин на еден од најголемите собири на Балканот, на кој ќе стане збор за позицијата на малите земји во меѓународната економија, тема што досега не е разгледувана.
– Инфраструктурните и сите други процеси кои можат да ја зголемат конкурентоста на балканската економија, мора да базираат на гласот на приватниот сектор, не само на политичките елити- рече Азески, потсетувајќи дека извозот е најбитен за успешно стопанство, а тоа го повлекува прашањето на конкурентноста.
Пред присутните стопанственици претседателот на Комората информира дека минатата недела во Будва е формиран т.н. Инвестициски коморски форум преку кој треба да се разрешат прашањата како што е немањето заднички регионален производ или заеднички настап на трети пазари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија има потенцијал да има успешна економија – Стопанската комора одбележа 95 години работење
-
БДП меѓу 3 и 4,5 отсто и намалување на буџетскиот дефицит до 2 отсто; Груевски на средба со тиквешките стопанственици
-
Чавков вети и исполни: 400 решенија за работа на новите полицајци (ФОТО)
-
Трговската размена меѓу Македонија и Бугарија ќе достигне една милијарда долари до 2017