Под мотото „Големите глобализираат, малите соработуваат“ денеска Стопанската комора на Македонија одбележа 95 години од коморското организирање и работење.
Во рамките на прославата се одржа и тркалезна маса насловена „Позицијата на малите земји во меѓународната економија-предности и недостатоци“ на која учествуваа домашни и странски реномирани претставници од бизнис, научната, и стручната јавност. Меѓу нив се поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ, поранешниот претседател и премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, претседателот на Конфедерацијата на азиско-пацифичките трговски-индустриски комори Џемаил Иниашвили, хрватскиот бизнисмен Бранко Роглиќ, Сандо Чешко од „Студио Модерна“….Стопанската комора традиционално додели награди и специјални признанија од Комората.
Воспоставување на јавно-приватниот дијалог со коморите и здруженијата, при што ќе се надмине проблемот при имплементацијата на законите и вклучување на бизнис заедницата во концептирањето на законите се проблемите кои треба да ги реши новата влада на Мекедонија, порача денеска пред новинарите претседателот на Стопанската комора на Македонија (СКМ) Бранко Азески.
Според Азески оваа конференција која, како што ја нарече, големите глобализираат малите соработуваат, е со цел да се интензивира соработката на малите земји.
– Оваа Конференција е во функција на припрема на голема конференција која ќе се одржи во септември на која ќе бидат сите компании кои имаат обрт над 100 милиони, од земјите кои имаат до десет милиони жители на која ќе бидат истакнати целите и задачите на сите мали земји во светот за да ја подобрат соработката и како можат да се справат со глобализацијата – рече Азески.
Горан Рафајловски од Стопанската Комора во однос на светската глобализација порача, малите земји да ги следат светските трендови.
– Економијата не познава мали земји, туку таа познава успешни економии, а Македонија има потенцијал да има успешна економија – рече Рафајловски.
Според него бизнисот во време додека се чека нова влада не функционира, бидејќи техничката влада не ги исполнува ниту задачите, нуту обврските што една нормална влада би ги исполнувала.
– Нема стопанственик кој не очекува нова влада. Ова тактизирање и директно влечење на ДУИ прави огромна штета на стопанството на Македонија. Штитејќи ги сопствените инереси го доведуваат стопанството во прашање. Цената што ќе ја плати стопанството поради тактизирањето на една политичка партија е очигледна и страшна, рече Рафајловски.
Тој од новата влада очекува сериозно да се потруди и сите долгови што ги има таа, јавните претпријатија и институции да ги расчисти, со една позајмица од преку една милјарда, која ќе овозможи, како што рече, профункционирање на стопанството. Стопанството, додаде тој, ќе ги врати тие пари со вработувања, даноци и др.
На новинарско прашање за последиците кои ги трпи стопанството со блокадата на граничниот премин Евзони од грчка страна, Азески рече дека штетите ќе бидат големи но ќе се дознаат откако ќе се сумираат сметките од трите сектори, односно со стоката на солунското пристаниште, со увозот на нафтените деривати и со стоката која поминува преку помалите премини која е од расиплива категорија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Макекдонија се одбележуваат 115 години од смртта на Гоце Делчев
-
Борисов доаѓа денеска во Скопје на одбележувањето 75 години од депортацијата на македонските Евреи
-
Во Скопје, Битола и Штип се одбележуваат 75 години од холокаустот на македонските Евреи
-
Две години од настаните во кумановското Диво Насеље