Навивачите на Манчестер Јунајтед покренаа иницијатива за организирање на натпревар во чест на Вејн Руни, благодарност за дологодишната посветеност и работа во дресот на „црвените ѓаволи“.
Вејн Руни со Манчестер Јунајтед ќе одигра хуманитарен натпревар на 3.август 2016 година, а ривалот дополнително ќе биде соопштен. Се спомнува Евртон, првиот тим на Руни во неговата кариера.
Детали во врска играчите и менаџерите кои ќе учествуваат на овој спектакл дополнително ќе бидат соопштени, но се очекува да присуствуваат легендите на Манчестер Јунајтед.
Капитенот на Јунајтед по натпреварот целиот приход од мечот ќе го уплати на сметките на детските болници во Манчестер.
Самиот фудбалер е воодушевен од идејата и целиот проект.
– Сакам да им се заблагодарам на сите што го креираат и учествуваат во реализацијата на овој проект. Тој натпревар ќе биде посебен за мене и моето семејство. Се надевам дека таа ноќ долго ќе се памети – изјави Вејн Руни
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.