Вечерва со натпреварите Атланта – Детроиот и Чикаго – Кливленд, со почеток во 1 часот по полноќ започнува новата сезона во НБА-лигата.
Насловот го брани екипата на Голден Стејт Вориорс, кој суперирно беше најдобар тим минатата сезона. Тимовите се подготвени за нови предизвици кои ги очекуваат во долгата и тешка сезона од 82 натпревара.
Бранителот на титулата, исто така, вечерва ја започнува новата кампања со натпревар на домашен терен против Њу Орлеанс, а на клупата нема да седи првиот тренер Стив Кер. Поранешниот играч на Чикаго летово направи серија операции на грбот и нема да биде во можност да ја започне сезоната од своето место.
Тој требаше да биде подготвен уште во претсезонските мечеви, но поради компликации ќе мора да оди на дополнителна рехабилитација од десетина дена.
Во походот кон одбраната на титулата, Вориорс ќе го води неговиот помошник Лук Волтон, кој беше на клупата и на претсезонските натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.