| четврток, 6 декември 2018 |

ГАК: Пациентката дојде со мртов плод во 24. недела од бременоста, беа запазени сите протоколи за работа

Пациентката која починала на Клиниката за гинекологија и акушерстви (ГАК) во Скопје на Клиниката дошла со шеста високоризична бременост и била примена со констатиран мртов плод во 24. гестациска недела.

гак

 

„Пациентакта (38) дојде со истечена плодова вода и со тешки знаци на инфекција. Со пациентката е постапено по сите протоколи во вакви тешки случаи, со максимално заложување на дежурната екипа на гинеколози  и анестезиолози од ГАК , и анестезиолози од КАРИЛ, како и на раководниот тим на ЈЗУ У ГАК кој беше повикан и присутен на клиниката. Семејството на пациентката беше во целост навремено информирано за состојбата на пациентката. И покрај сите заложби на персоналот за жал дојде до смртен исход“ се вели во соопштението од Клиниката.

Според соопштението, членовите на комисијата за следење и унапредување на квалитетот за здравствената  заштита итно се состанал за овој случај со цел да се направи, по што е констатирано дека се испочитувани сите процедури.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top