МЗТ Скопје успешно ја чува победничката серија на домашен терен во салата „Јане Сандански“ во Аеродром, а последна „жртва“ е некогашниот европски првак и гигант, Цибона.
Македонскиот првак во возбудливата завршница славеше со 69-68, благодарение најмногу на Марко Луковиќ. Човекот што успеа да го блокира ударот на Флоренс на 3,5 секунди до крај и да му донесе нови бодови на МЗТ Скопје во Јадранската лига.
Дреновац со 18 поени беше најефикасен кај македонскиот шампион, Марко Луковиќ постигна 13, а Љубичиќ 11 поени. Во следното коло МЗТ Скопје ќе ѝ гостува на словенечка Крка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.