| четврток, 6 декември 2018 |

Моден викенд Скопје: Нокаут во живо на ревијата на Ирина Тошева (фотогалерија)

Најновите колекции на Ирина Тошева, Роберт Ивановски, Митко Занов и турската модна куќа „Кигили“ беа прикажани на претпоследниот ден Моден викенд Скопје, синоќа во Музејот на Македонија каде е во тек дванаесеттото по ред модно случување .

Модерен и авантуристички, наменет за самоуверени мажи со динамичен животен стил, брендот „Кигили“ првпат се претстави пред македонската публика со уникатна, тренди колекција за сезоната есен – зима 2015/2016. Колекцијата е сублимат од четири различни теми: „Душата на авантуристичкиот патник“, „Урбан номад“ , „Динамичен град“ и „Луксузна машка облека“.

kigili

kigilie1

kigili2

kigili3

Митко Занов дебитираше на Моден викенд Скопје со својата прва авторска колекција наречена „Голата мугра“ . Занов за парчињата наменети за актуелната сезона вели „Храбра, авангардна и грациозна се клучните зборови кои ја опишуваат жената, која ме инспирираше да создадам колекција која ќе понуди уникатни, иновативни и квалитетни дизајнерски парчиња облека и модни додатоци, што им дозволуваат на девојки со нескротлива имагинација да го експресираат личниот стил во секојдневниот изглед“.

zanov1

zanov

unnamed

Ирина Тошева која своите креации редовно ги презентира на Моден викенд Скопје ја донесе колекцијата на која беа пресликани куќи и пораки испишани на кирилица. Модната презентација беше испратена со музиката на „Нокаут“ кои пред публиката песните ги свиреа во живо.

toseva2

toseva1

toseva

irina toseva

– Бои вибрираат по пулсот на еден град, барајќи го својот дом. Улиците по кои секојдневно чекореа го сменија својот ритам и ги натераа во стрмоглава потрага. Бараа дом кој одново ќе го варосаат во нова младост. И не само тој, туку и други. Градеа разнобојни домови за да создадат колективно гнездо на топлина. Погледни! Цела низа куќи само за нас. А од нивните оџаци мириса на љубов бескрајна и свежо пространа облека на утринско сонце – вели Тошева.

За крајот на вечерта Роберт Ивановски се врати на Моден викенд Скопје со колекцијата „Чувства“ наменета за пролет/лето 2016 година .

ivanovski2

ivanovski1

ivanovski

– Колекцијата е инспирирана од природата и нејзината обоеност, поп културата и моите чувства низ годината. Доминантни бои се белата и зелената, збогатена со абстрактни принтови изработени од младите сликари Бојан Ковски и Елена Чемерска – вели дизајнерот Ивановски.

Вечерва во Музејот на Македонија завршува дванаесеттиот Моден викенд Скопје со ревиите на руската модна куќа „ N by Z“, Кристина Цветковска и Олгица Ѓоргиева.

фото: Дими и Ани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top