| четврток, 6 декември 2018 |

Роберт Ивановски и Евгенија Зафировска ќе го отворат 17. Моден викенд, Олгица Ѓоргиева го затвора пролетното издание

Последната вечер на Моден викенд Скопје пролет-лето 2018 ќе се одржи на 1 април и ќе започне со ревијата на младата дизајнерка Сара Реџиќ која го потпишува брендот „Sari Gi“. За прв пат на Моден викенд Скопје „Atelier Magdalena“ ќе ги претстави креациите од колекцијата „Будење“. Јагода Пачемска од арт-студиото „Фа-Бу“ со перформанс ќе прикаже нови уникатни креации изработени од свежо цвеќе

Седумнаесеттиот Моден викенд Скопје од 30 март до 1 април ќе биде домаќин на најновите дизајнерски колекции, во една од најстарите културни установи во Македонија, Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Скопје.

Сезоната пролет-лето под слоганот „What feeds your imagination“ ќе ја отвори ревијата на дизајнерите Роберт Ивановски и Евгенија Зафировска со колекцијата „Архитектура во движење.“ Вечерта ќе продолжи со авангардната колекција на „КALI ROSE by Katarina Luka“ надополнета со аксесоари. Потоа ќе следува ревијата на „Zana Aliu showroom“ и колекцијата „Red&The spectrum“. Истата вечер за прв пат ќе можете да ја погледнете и ревијата на „Fingerprint“ и нивната колекција “Macedonian beauty”.
Крајот на првата ревијална вечер ќе продолжи со забава на истата локација со диџеј Славе. Втората вечер ќе започне со заедничка ревија на студентите од Факултетот за арт и дизјан при ЕУРМ, наречена „Text me“ за пролет-лето 2018.

Потоа публиката ќе ги види колекцијата на „BERNASARACI“ од Косово наречена „0000“ и најновото од „Atelier Kocareva“ односно новите модели наречени „Boundless“. И за крај на вечерта креациите на „Pallada“ и колекцијата „El sueno“. Последната вечер на Моден викенд Скопје пролет-лето 2018 ќе се одржи на 1 април и ќе започне со ревијата на младата дизајнерка Сара Реџиќ која го потпишува брендот „Sari Gi“. За прв пат на Моден викенд Скопје „Atelier Magdalena“ ќе ги претстави креациите од колекцијата „Будење“. Јагода Пачемска од арт-студиото „Фа-Бу“ со перформанс ќе прикаже нови уникатни креации изработени од свежо цвеќе. Седумнаесеттиот Моден викенд Скопје ќе се затвори со ревијата на Олгица Ѓоргиева и нејзината колекција за пролет-лето 2018.

За време на тридневниот настан ќе бидат изложени девет креации на студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет кои веќе беа прикажани во Францускиот институт во Скопје . Студентите работат на тема инспирирана од француската кинематографија, под менторство на Лидија Георгиева – професор и дизајнер.

Најновата колекција на луксузниот македонски бренд „DIAS“ специјализиран за производи од кожа: Чевли, чанти, торби за патување и останати кожни додатоци, ќе биде достапна за посетителите во текот на целиот настан.

Официјален партнер за фризурите на моделите и оваа сезона е „LAKME“ во соработка со Кристина Кики Серафимова. Дерма-бјути партнер на сезоната се „Vichy“. Официјален парфем оваа сезона е црвениот BU Passion – „Секој момент живеј го со страст. Празнувај го животот!“.

Наш партнер за убавина на седумнаесеттиот Моден викенд Скопје се Clarissa Professional ”
УБАВИНА ЗА СИТЕ”. Проектни партнери -МДН обезбедување. За уникатна атмосфера и амбиент ќе се погрижат “Lux” and „Think“. Партнер на Моден викенд Скопје и омилениот гостин во сите семејства „Podravka“. Официјалното вино на сезоната доаѓа од винаријата „Камник“. Официјална водка на сезоната е „Absolut“.

Насловната за седумнаесеттата сезона е направена во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје. Заштитно лице е Мануела Гочевска од модната агенција „Подиум“ а за нејзиниот стајлинг се погрижи Mango- Fashion Group Macedonia, за шминката Зоран Шурбевски а за физурата „Lakme“ во соработка со Даниел Артевски. За фото и видео продукцијата беше задолжена Марина Трајковска а графичкиот дизајн на насловната го потпишува Дејан Зафировски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top