Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, утре, на 8 април, во 11 часот во управната зграда на Скопски саем ќе се обрати на прес-конференцијата по повод почнувањето на 25. Меѓународен саем на книгата, кој од 9 до 15 април ќе се одржи во „Метрополис арена“.
Во рамките на саемот, на изложбениот штанд на Министерството за култура и НУ НУБ „Свети Климент Охридски“ секојдневно ќе се одржуваат презентации на капиталните проекти на Министерството за култура од областа на издаваштвото.
Министерството за култура го поддржува Саемот на книгата преку акцијата „Подари книга, подари богатство“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.