Поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев кој деновиве го најави своето враќање во националниот дрес, дополнително ќе паузира од фудбалските терени за својот тим Џенова поради повреда на бутниот мускул.
По суспензијата од три натпревари поради црвен картон, Пандев требаше да се врати во составот на Џенова за натпреварот со Емполи, но тој на последниот тренинг заработи повреда.
– Пандев ќе паузира еден месец. Тој заработи повреда на бутниот мускул. Тоа е голем удар за нашата навална линија, но шанса ќе добијат другите фудбалери – изјави тренерот Џанпјеро Гасперини.
Македонецот сигурно ќе ги пропушти мечевите на Џенова против Емполи, Торино, Наполи, Фросиноне, а прогнозите се дека најбрзо би можел да се врати во тимот за натпреварот против Сасуоло на 22 ноември.
Неговиот тим Џенова по осум одиграни натпревари во Серија А се наоѓа на 12.место на табелата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.