В недела во Скопје на „Арената Филип Втори“ ќe се одигра најголемото дерби оваа сезона меѓу екипите на Вардар и Шкендија, двата тима кои се во потесниот круг за освојување на титулата оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига. За организацијата на ова дерби секако ќе бидат преземени големи безбедносни мерки, а гостинот Шкендија и јавно објави, согласно договорот меѓу двата клуба и ФФМ, како и препораката од МВР, дека нема организирано да носи навивачи.
Тоа значи дека навивачите на Шкендија „Балисти“ нема да присуствуваат на овој натпревар исто како и „Комити“ кои не отпатуваа на првиот натпревар од оваа сезона во Куманово.
Исто така, сите љубители на фудбалот, кои ќе сакаат да го гледаат натпреварот меѓу Вардар и Шкендија, при купување на билетот ќе мора да имаат лична карта, процедура која исто така не се спроведува првпат, посебно за вакви мечеви од „висок ризик“.
По десет одиграни кола во шампионатот на Македонија, првакот Вардар е лидер на табелата со 26 освоени бода, еден повеќе од второпласираниот тим на Шкендија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.