| четврток, 6 декември 2018 |

Старите скопјани се присетија на Скопје низ фотографиите од минатото и од сегашноста

Центарот за промоција на култура и туризам – Скопје, оствари соработка со авторот и креатор на идејата „Македонија низ старите снимки“ господинот Наќе Туфекчиев реализираше проект „Скопје низ фотографиите од минатото и сегашноста“, кој ќе го афирмира главниот град на Република Македонија Скопје  преку наративно и визуелно опишување.

018 foto rabotilnica

-Целта на овој проект е да ја претстави геолокацијата, промените, но и континуитетот при растот на градот.  Во подготовката и на проектот уважено беше моето долгогодишното искуство во фотографијата како и  ангажирањето на Наќе Туфекчиев на социјалните мрежи преку страницата „Македонија низ старите снимки“ преку која ја запознава домашната, но и меѓународната јавност за Скопје и Македонија со старите и нови фотографии од изминатите два века, преку кои можеме да дознаеме многу и за животот во тој период, архитектурата, инфраструктурата, обичаите, фолклорот и многу други аспекти, велат организаторите.

024 foto rabotilnica

-Резултатите од реализацијата на проектот Скопје низ фотографиите од минатото и од сегашноста, која е многу посложена и допрва ќе се почуствува како видео информација која ќе проструи преку социјалните и електронските медиуми  се повеќеслојни и на долгорочен план ќе извршат влијание во презентирањето на Скопје Македонските културни и историски локалитети како нова и неоткриена дестинација за таргетот културни туристи кои сакаат да уживаат во нова дестинација на југоисточна Европа, сметаат од Центарот за промоција на култура и туризам.

Скопје е тука за сите кои сакаат да научат за инспиративната култура, историјата, како и за богатата традиција која ја нуди Република Македонија. Во проектот учествуваа: Наќе Туфекчиев и Ристо Стефановски и Александар Ѓорѓиев во соработка со Моби арт – Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top