| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Татјана Манева во галеријата на МКЦ

На 23 октомври, петок, со почеток во 20 часот, во галеријата на Младинскиот културен центар ќе се одржи отворање на изложба на слики од Татјана Манева. Манева  ќе се престави со циклусот  слики именуван како „Остров“ настанат во последниве две години. Изложбата ќе ја отвори Емил Алексиев.
Манева е родена 1978 година во Битола. Член е на ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници на Македонија) и на ДЛУБ (Друштво на ликовни уметници на Битола). Во 2002 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсек графика, а во 2004 година магистрира на истиот факултет.
Со самостојни изложби се претставила во Париз (Франција); Подгорица, Будва, Тиват (Црна Гора); Берлин (Германија); Амстердам (Холандија); Македонски центар, Њујорк (САД); како и низ неколку градови во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top