| четврток, 6 декември 2018 |

Дилан Пен: Татко ми не е во врска со Мадона, само се другари

пен

Шпекулациите за постоење врска меѓу поранешните сопружници, пејачката Мадона (57) и Шон Пен (55) ги демантираше ќерката на актерот Дилан Пен (24).

– Тие се само добри пријатели и многу ми е мило што имаат така добар однос. Првпат кога ја запознав беше навистина чудно и непријатно да се запознае поранешната љубовница на својот татко – вели Дилан, ќерката на Шон од вториот брак со актерката Робин Рајт (49).

Пен е виден на концертот на Мадона, а неодамна ја прекина свршувачката со Шарлиз Терон. Пејачката и актерот беа во брак во осумдесеттите години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top