Кочани денеска беше домаќин на новиот карван Саеми за вработување, кои се во организација на Агенцијата за Вработување на Република Македонија. Кочанчани и заинтересираните посетители на денешниот саем и од околните населени места, имаа можност подобро да се запознаат со понудата за нови вработувања кои ја понудија компаниите-учеснички и да поразговараат со дел од одговорните лица на компаниите кои се претставија на саемот. Потенцијалните работодавачи веќе добија значителен број на резимеа, а истите го изјавија своето задоволство за оваа карванска активност, која досега посети четири града во државата.
– Учествуваат голем број на компании, како од кочанскиот така и од околните региони. Има посетители од сите возрасти, но најмногу за поздрав е еланот и заинтересираноста на младите студенти, кои во својата последна етапа од основното факултетско образование активно ја бараат својата шанса за осигурување на своето идно работно место. Јас ги повикувам сите млади невработени лица и во другите градови во Македонија, да ја искористат оваа можност и да ги посетат претстојните саеми за вработување, каде што освен штандовите на компаниите-учеснички можат да ја посетат и „Средбата со Млади“ која се организира во состав на секој саем од овој карван – изјави Влатко Поповски – директор на Агенцијата за вработување.
Следниот, петти саем за вработување од овој карван, ќе се одржи наредната среда во Радовиш, на 28 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Кочанскиот ориз не е ГМО
-
Томаж Космач и Марко Брецељ гостуваат во Кочани на промоцијата на книгата „Панкот не е мртов“
-
Ќерката која ја преживеа семејната трагедија во Кочани ќе остане во болница под надзор на психијатар