Врнежи од дожд и над 50 литри на метар квадратен на одредени места и повремен снег на највисоките планински врвови, најавува за утре Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Врнежите од дожд утре ќе започнат од раните утрински часови во јужните и западните делови. Во претпладневните часови ќе се прошират насекаде и претежно ќе бидат со умерен интензитет, што ќе придонесе вкупната количина на наврнат воден талог на места да биде над 50 литри на метар квадратен. Не е исклучено на највисоките планински врвови да има и повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од седум до 13 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
Во петок претпладне врнежите ќе престанат и во следните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневните температури, кои во недела ќе се движат од 14 до 20 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.