| четврток, 6 декември 2018 |

Следи пресврт во временската прогноза

За следните денови се најавува стабилно и суво време. Пресврт се очекува во сабота кога врнежи од дожд ќе ја „нападнат“ Македонија.

Од утре до сабота претпладне времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат негативни, а најстудено ќе биде во петок наутро.

Под влијание на нов влажен бран од сабота кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, особено на запад.

Од недела кон понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во снег, но на планините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top