Брисел со критика до лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Откако пред некој ден доби израелски шлаканици поради неговите лагите искажани за време на неговата посета на Израел,денеска нов шамар. Пратеничката во Европскиот парламент од Словенија, Патриција Шулин, вели дека е изненадена што некој во дипломатијата или во политиката може да помисли да лаже за тоа што се разговарало на официјална средба.
Повод се демантите што со денови пристигнуваат од највисоките политички претставници на државата Израел, а во врска со официјалната посета на претседателот на СДСМ Зоран Заев на оваа држава и неговите средби со претседателот и со министерот за внатрешни работи на Израел, по кои Заев посочи дека се разговарало за внатрешно-политичките случувања во Македонија и за т.н. „бомби”, што неговите соговорници потоа мораа и официјално по писмен пат да го демантираат.
Во изјава за МИА, европратеничката Шулин вели дека никогаш во нејзината богата политичка кариера немала искуство некој нејзин соговорник, по официјалниот состанок да излаже за тоа што точно се разговарало на средбата. Пратеничката во Европарламентот смета дека е под секое ниво такво нешто.
– Кога некој мој соговорник на официјална средба, потоа би рекол невистина за тоа што се разговарало на истата, тогаш јас, како и во случајот на Израелците со Заев, по писмен пат би испратила демант во однос на сите работи, како што тоа дипломатски се прави, децидна е Патриција Шулин во изјава за МИА.
Невистините на опозицискиот лидер во Македонија, кои ги искажа по неговата посета на Израел, што мораше од официјалната израелска држава потоа да бидат демантирани, ги изненадија и високите политички претставници на Европската унија кои не можат да се изначудат на потегот на Зоран Заев.
Невистините на опозицискиот лидер во Македонија, кои ги искажа по неговата посета на Израел, што мораше од официјалната израелска држава потоа да бидат демантирани, ги изненадија и високите политички претставници на Европската унија кои не можат да се изначудат на потегот на Зоран Заев.
Претходно, покрај острата реакција за неговата изјава која стигна директно и од вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Израел Силван Шалом, пристигна и уште една врелеа шлаканица за Заев со која се демантираше дека тој остварил средба со заменик=шефот на МОСАД.
-Колку што ни е познато, немало средба со заменик шефот на Мосад. Таква средба не била ни планирана, вели во изјава за МИА израелскиот амбасадор Дан Орјан запрашан дали лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев за време на посетата на Израел се сретнал со шефот на Мосад или друг претставник на израелската тајна служба.
– Имаше средби со претседателот Реувен Ривлин на која присуствуваа и амбасадорите на двете земји и средба со министерот Силван Шалом, вели амбасадорот Орјан.
Дел од медиумите кои ја следеа посетата на Заев на Израел, повикувајќи се на, како што наведоа, високи партиски извори, објавија дека лидерот на СДСМ имал срдба со вториот човек на Мосад, но тоа се покажа како целосна лага.
Претходно, во соопштението од израелската амбасада стоше дека се работело за куса куртоазна средба со лидерот на опозицијата Заев што е нормално за две пријателски земји.
-На средбата се разговарше за општи прашања, особено околу потребите за подобрување на односите меѓу Израел и Македонија. Министерот нагласува дека на средбата не се разговараше за било какви безбедносни или финансиски прашања, стоеше во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.