Пратеничката во Европскиот парламент од Словенија, Патриција Шулин, вели дека е изненадена што некој во дипломатијата или во политиката може да помисли да лаже за тоа што се разговарало на официјална средба, јави дописникот на МИА од Брисел.
Повод се демантите што со денови пристигнуваат од највисоките политички претставници на државата Израел, а во врска со официјалната посета на претседателот на СДСМ Зоран Заев на оваа држава и неговите средби со претседателот и со министерот за внатрешни работи на Израел, по кои Заев посочи дека се разговарало за внатрешнополитичките случувања во Македонија и за т.н. „бомби”, што неговите соговорници потоа мораа и официјално по писмен пат да го демантираат.
Во изјава за МИА, европратеничката Шулин вели дека никогаш во нејзината богата политичка кариера немала искуство некој нејзин соговорник, по официјалниот состанок да излаже за тоа што точно се разговарало на средбата. Пратеничката во Европарламентот смета дека е под секое ниво такво нешто.
– Кога некој мој соговорник на официјална средба, потоа би рекол невистина за тоа што се разговарало на истата, тогаш јас, како и во случајот на Израелците со Заев, по писмен пат би испратила демант во однос на сите работи, како што тоа дипломатски се прави, децидна е Патриција Шулин во изјава за МИА.
Невистините на опозицискиот лидер во Македонија, кои ги искажа по неговата посета на Израел, што мораше од официјалната израелска држава потоа да бидат демантирани, ги изненадија и високите политички претставници на Европската унија кои не можат да се изначудат на потегот на Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.