ВМРО-ДПМНЕ – партијата на власт, има уставна обврска да ги брани интересите на Р. Македонија!
Никој нема право да ја игнорира избирачката волја на македонскиот граѓанин, ниту да ја девалвира државата и легалните институции… Не, со изнуден политички договор на 3-4 субјекти…
СДСМ предизвика токму таква состојба во Македонија… последица на нивното “државничко” однесување! А, не е толку важно, дали во тоа се потпомогнати однадвор… На тие, другите, нема зошто да им е грижа за нашата држава… ама овие, нашиве…
Треба ли постојано да се потсетуваме, во ова време на демократија во светот, дека, само народот, на регуларно дефинирани избори, има неприкосновено право на постава или суспензија на одреден политички субјект – како израз на неговата волја, став и искуствена перцепција – кому може да му го довери управувањето со државата. Така вели и уставот, и законите, и Универзалната Декларација за човековите права (на ОН). Ова што се случува кај нас (не е прв пат!) е грубо кршење на сè што вообичаено се практикува/почитува во секоја демократска земја во светот – таму, каде што политичката /и лична?/ култура на политичките актери, особено на политичката опозиција во државата е на потребното ниво, и… таму, каде опозиционерите, своите аспирации за власт во државата ги реализираат на избори(!) а, дотогаш, стрпливо ја градат својата позиција на сериозен кандидат за победа…
Но во државава, заради ваквата опозиција каква што ја имаме /СДСМ/, заради нејзините неодговорни постапки (а можеби, и поради некој однадвор(?) што не и мисли добро на Македонија) – дојдовме во ситуација да бива девалвирана државата и нејзиниот /државотворен/ капацитет – во ситуација, да се прашуваме “Кој тоа таму одлучува за Македонија” (Димковски А., Нова Македонија, 10.10.2015). Или, не дај боже, скоро половина милион гласачи од последните избори (2014) што ја избраа актуелната власт, да посакаат, правото на почитување на својот избирачки глас да го изразат на друг начин… Ако им пукне филмот… па почнат да ги применуваат опозициските методи… Но, нашиот народ е помудар во проценките, отколку што некои мислат; опозициски “експерти” му делат секакви “комплименти”… а, народот, трае. Ама знае кога да реагира! Според демократските правила… За среќа, така се однесува, во моментот и владејачката партија… и актуелната власт. Смирено, со континуиран интензитет ги реализира своите преземени обврски кон земјата – на, за неа вообичаен начин!
Денес, во екот на оваа, од СДСМ предизвикана политичка ситуација, ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија, има одговорност и обврска да ги брани интересите на Р.Македонија. Како што, впрочем, во сериозно критичен момент, ја одбрани државата – во Куманово! Не така одамна!
Во оваа наметната преговарачка ситуација, сите сме свесни дека, партијата на власт – ВМРО-ДПМНЕ има законска и уставна обврска како императив, да ги брани интересите на Р.Македонија – како држава! Во “клубските” преговори произлезени од “Пржино”, очекувано е, таа да направи сè, за демократско изведување на “договорените од Пржино”, избори во април, 2016, но без да прави отстапки пред опозициските каприци, пред непринципиелните, незаконски и неморални барања на СДСМ, чиии последици би биле катастрофални за државата (суспендирање на законското одлучување во државата на разни нивоа /и во одредени етапи на изборниот процес/ омаловажување на својот народ… перфидно одземање правото на глас на македонската дијаспора и прекинување на една многу важна нишка на поврзување на нашите во светот, со родната земја…)
Оттаму. Прифатливо за сите нас во државата, во оваа ситуација е заедничко договарање за изборните правила, за сите елемнти поврзани со истите, а се останато, мора да биде препуштено на слободната /пр/оценка на народот! ВМРО-ДПМНЕ тоа им го должи на своите избирачи – на народот!
Зошто победува ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ победува на изборите во Македонија. Континирано, од 2006 наваму. Победува, но не првенствено заради “одењето од врата на врата” (иако е неспорно значењето на покажаната грижа за граѓаните), ниту заради разните опозициски шпекулативни приказни за популизам на власта. Победува заради она што граѓаните го гледаат како сработено во државата. Заради континуираната работа во изминатите девет години, заради подобрените услови за живот.
Победува, заради фантастично ниските партиципации за студирање (наспроти 2-3000 евра во време на претходната власт),
заради бесплатните учебнци и компјутерите на работната клупа на секој ученик, заради воведените странски јазици (1-2) од прво одделение, заради овозможената широка употреба на интернетот и оспособеност за користење на информациските технологиите од најрана возраст, заради научните (нови и најсовремени) лаборатории по факултетите,
заради зголемениот библиотечен фонд во државата со дела од најпознатите автори/издавачи во светот од сите области на науката, белетристиката…, заради спортските сали и терени низ државата, заради стипендиите,
заради субвенциите, грижата за социјлно-загрозените граѓани, пензионерите, заради новите или реконструирани болници опремени со најсовремена медицинска апаратура… заради можноста на лекарите за бесплатно усовршување во најпознатите медицински установи во светот…
Победува, заради јарболите на кои се вее македионското знаме, заради музеите, театрите, спомениците, документарните филмови и други сведоштва за историските факти од македонската историја… Заради сè она, што никој, пред оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ не го направи за државата. Заради високите цели што ги имаше премиерот Никола Груевски во својата визија за Република Македонија, од моментот кога го доби мандатот од народот во 2006-та (“Визијата на премиерот”, Република online, 1.052015)”.
СДСМ има “клубско преговарачко барање”, во предизборниот (2016) период, владините функционери да апстинираат од претставување на своите успеси, на реализираното во државата, а медиумите – на ист начин да се однесуваат…Така тие сакаат?! Така им одговара… според нивните “демократски” изградени правила… Ама, тоа едноставно е невозможно.
На кој начин во предизборната кампања ќе се претстават политичките субјекти, ако не преку презентирање на своите успеси, исполнети или не, ветувања што /претходно/ ги дале на народот?! Во предизборното себепретставување, политичарите, нивните партии ќе мора да дејствуваат според темелниот принцип во медицинските гранки – медицина базирана на докази! Во политчкиот натпревар – докази за реализација на ветеното на претходни/те/ избори. Бланко поддршка, или поддршка врз база на “убави” зборови во стилот – ќе направиме, ова, ќе направиме она – веќе не важи. Народот има доволно искуство за проценка на кандидатите!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.