По синоќешниот дуел меѓу Мега лекс и Игокеа беше комплетирано шестото коло во АБА-лигата. Челниците на лигата веднаш ја направија и идеалната петка, а во неа сосема заслужено се најде и играчот на МЗТ Скопје и македонски репрезентативец Дамјан Стојановски.
Имено, тој за 32. минути колку што помина на паркетот во победата над Сутјеска на гостински терен и имаше одлични бројки зад неговото име и реализираше 15 поени, осум скокови, две асистенции и украдени топки, како и седум изнудени лични грешки од противничките кошаркари. Стојановски со 24 идексни поени е трет во оваа категорија и го зазема третото место зад Иванов од Крка и Ивановиќ од Мега лекс. Покрај овие двајца, друштво на Македонецот во идеалната петорка на оваа рунда се најдоа и Мекел од Црвена звезда, како и Раденовиќ oд Игокеа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.