| четврток, 6 декември 2018 |

Најновите парфеми кои ќе владеат есенва

00044210

– Оној кој управува со аромата, управува со срцата на луѓето, пишува Патрик Зискин, во романот „Парфем“. Вистината е дека во животот на секоја жена, нејзиниот парфем е одраз на нејзиниот карактер и често е првото нешто со кое остава впечаток кај мажот.

Заедно со смената на годишните времиња, убаво е да се смени и парфемот. По традиција во зима се користат по силни и незаборавни парфеми, додека во летото во игра се по свежи ароми.
My Burberry на Burberry
3968288_my_burberry_edt_90m_jpg_9446_north_499x_whiteИнспириран од класичниот „Burberry“, овој парфем нуди ноти на бел мов и фрезија, кои ќе ве пренесат во зелена англиска градина по дожд.

Knot Eau Florale на Bottega Veneta
bottega_veneta_knot_eau_flo_jpg_9793_north_499x_whiteМирисот на божур и роза, елегантно ќе го обвијат вашето тело со една цветна експлозија, зачинета со кедар и тонка.

J’adore Touche на Dior
cutout_fondblancv3_f39_jpg_309_north_499x_whiteДиор претставуваат нов начин за креирање на ваш личен мирис, со мешање на два парфема во уникатна комбинација. Пробајте го „J’adore Touche“ врз вашиот зглоб, во комбинација со оригиналниот „J’adore“ и осетете го нестандардниот парфем кој се добива!

Mimosa & Cardamom на Jo Malone
mimosa_cardamom_cologne_100_jpg_832_north_499x_whiteОвој мирис ќе ве врати во Викторијанската ера, со мирис на кардамон и мимози, од времето кога патници се враќале во Англија со егзотични цвеќиња и зачини како подароци.

Patchouli Blanc на Reminiscence
patchouli_blanc_100ml_cote_jpg_713_north_499x_white(1)Излезен на пазарот во 1970-та година, сега класичниот „Patchouli“ парфем се враќа на пазарот, уште по свеж, нежен и се разбира мириса на пачули.

Soir de Lune на Sisley
visuel_flacon_face_jpg_4357_north_499x_whiteЕксклузивната лимитирана серија од овој парфем, импресионира со цветен и магичен мирис.

L’Absolu на Narciso Rodriguez
for_her_absolu_100_ml_cmjn_jpg_4965_north_499x_whiteКилибар и пачули во комбинација со мускусен аромат, создава еден темелен и примамлив парфем, кој води до зависност.

Black Opium на Yves Saint Laurent
6Благодарение на силните ноти на кафе, овој парфем е многу импресивен и препознатлив.

Oud Palao на Diptyque
oudpalao_edp_75ml_bottle_md_jpg_3632_north_499x_whiteРоза и темјан вешто се комбинираат во еден мирис, толку егзотичен, што ќе ве импресионира со ориентално чувство.

Purple Rain на Prada
purple_rain_jpg_1130_jpeg_9304_jpeg_north_499x_whiteИнспириран од култната музика и филмови, овој мирис ќе ви даде вистинско ретро чувство, благодарение на нотите на примамливата перуника.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top