| четврток, 6 декември 2018 |

Елитното друштво на Македонија: Што нудат најдобрите десет на Дуинг бизнис 2017

Во првата десетка на Дуинг бизнис годинава се најдоа најразвиените земји во светот. Освен Македонија, која е економија во развој, сите останати земји од топ десет на Дуинг бизнис 2017 се високо развиени економии, а две од нив припаѓаат и на Г7 групата.

Еве кои се топ 10-те земји во светот за водење бизнис

1.Нов Зеланд е високо развиена економија со номинален БДП од 172 милијарди долари, и бруто-домашен производ по глава на жител според куповна моќ од 36.136 долари. Нов Зеланд е извозно ориентирана земја со високо развиен услужниот сектор.

newzealand

2. Сингапур е високоразвиена економија со номинален БДП од 292,7 милијарди долари и е четврта најдобра економија во светот според БДП по глава на жител изразен преку куповсната моќ која изнесува 85.382 долари. Таа е високо извозно ориентирана земја со производство на високотехноложки производи. Улужниот сектор е високо развиен и придонесува со 75 отсто во креирањето на БДП. Невработеноста е само 2 отсто.

sg

3. Данска е една од најразвиените европски економии со 295 милијарди долари бруто домашен производ и со БДП по глава на жител според куповна моќ од 45.723 долари. Улужниот сектор е носечки, а кон БДП придонес дава и индустријата со учество од 20 отсто и земјоделското производство.Невработебоста е 3,9 отсто.

danska

4.Хонг Конг, покрај Сингапур е економија која се вбројува во „Азиските тигри“. Со бруто домашен производ од 309 милијарди долари ова е високо развиена економија со високи стапки на економски раст. Услужниот сектор има удле во БДП од дури 90 отсто.

hong-kong

5.Република Кореја има БДП од 1377 милијарди долари. Оваа економија е брз растечка и се карактеризира со високи стапки на раст кои достигнуваат и до над 10 отсто годишно.

juzna-koreja

6.Норвешка е позната како најразвиена економија во светот согласно Индексот на човечки развој. Со бруто домашен производ од 388,3 милијарди долари и БДП по глава на жител според куповната моќ од 68.591 долари, Норвешка е економија каде населението ужива висок животен стандард.

norveska

7.Велика Британија е една од највилијателните и најразвиени економии во светот и е еден од најглавните финансиски и трговски центри глобално. БДП е 2.858 милијарди долари и 41.499 БДП по глава на жител според куповна моќ.

Night view of industrial works,, Bhit Gas Field. Sindh, Pakistan 2005

Night view of industrial works,, Bhit Gas Field. Sindh, Pakistan 2005

8.САД е најголемата економија во светот, центар на сите економски случувања, со БДП од 18.036 милијарди долари и куповна моќ по глава на жител од 56.000 долари.

sad

9.Шведска е високоразвиена, извозно ориентирана економија со фокус на услужен сектор и БДП од 493 милијарди долари и 48 илјади долари по жител БДП согласно куповна моќ.

svedska

10.Македонија е единствената земја во топ 10 на Дуинг бизнис која е во развој и во која бизнис практиките се блиску до оние во најразвиените земји во светот. Добрата бизнис клима, меѓу другото е една од основите кои значајно придонесуваат за подинамичен развој на економијата кое треба да овозможи подобри услови за живот на населението.

makedonija-biznis-ekonomija-industrija-proizvodstvo-tirz

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top