| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: И ако не го освојам Ролан Гарос во кариерата, нема да пропадне светот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој е неприкосновен на тениските терени оваа година, изјавува дека токму сега го игра најдобриот тенис во кариерата. Цела сезона има освоено голем број на турнири, а има впишано само пет порази на два турнира до крајот, Мастерсот во Париз, и завршниот турнир на најдобрите осум во Лондон.
Тој не сака да лета во облаци по големите успеси кои ги одблежаа последните две недели, кога ги освои турнирите во Пекинг и Шангај.

– Се фунцкионира како што треба. Среќен сум што имам успешна сезона, ова е мојата најдобра во кариерата. Сепак не сакам да се занесувам од успехот кој го имам туку треба да продолжам да работам за да останам во форма и во следните неколку години. Не е лесно толку често да се патува, а сега сум и татко и тоа дополнително ги комплицира работите. Имам огромна подршка од сопругата, семејството и целиот тим што стои зад мене – изјави Новак Ѓоковиќ по освојувањето на турнирот во Шангај.

Ѓоковиќ во Пенкинг и Шангај супериорноста над противниците ја покажа со тоа што не загуби ниту еден сет, а само двапати противниците стигнаа до четири гема. Сепак Ролан Гарос е грен-слемот кој го нема во своите витрини.

– Следната година е олимписка, па Игрите се приоритет. Потоа на врвот на листата на желби е Ролан Гарос, како и сите останати Гренслем турнири. И ако никогаш не го освојам Гарос тоа нема да биде пропаст на светот. Кариерата никој не може да ми ја открадне – додаде Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top