| четврток, 6 декември 2018 |

Шок на аеродром: Жена се убила поради тоа што го пропуштила авионот

Британката Жаклина Ен Сатон (50) се обесила во тоалетот на аеродромот во Истанбул, бидејќи го пропуштила летот за Ирак.

аеродром

Несреќната жена тргнала на патување од Лондон за Ербил, а во Истанбул требало да седне во авион за овој град во Ирак.

Од некоја причина, Жаклина не стигнала да го фати авионот за Ербил и поради тоа што немала пари за нова авионска карта, заминала во тоалетот и се обесила.

Тројца руски туристи ја пронашле и веднаш ја алармирале Брзата помош, но реанимацијата била безуспешна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top