| четврток, 6 декември 2018 |

Дан Орјан: Немало средба на Заев со заменик шефот на Мосад

Колку што ни е познато, немало средба со заменик шефот на Мосад. Таква средба не била ни планирана, вели во изјава за МИА израелскиот амбасадор Дан Орјан запрашан дали лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев за време на посетата на Израел се сретнал со шефот на Мосад или друг претставник на израелската тајна служба.

дан

– Имаше средби со претседателот Реувен Ривлин на која присуствуваа и амбасадорите на двете земји и средба со министерот за внатрешни работи Силван Шалом, вели амбасадорот Орјан.

Дел од медиумите кои ја следеа посетата на Заев на Израел, повикувајќи се на, како што наведоа, високи партиски извори, објавија дека лидерот на СДСМ имал срдба со вториот човек на Мосад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top