Српскиот криминалец и мафијаш Кристијан Голубовиќ е главна „ѕвезда“ во едно реално шоу во кое редовно пропагира неморал, насилство и блуд, а тамошните медиуми ги полнат нивните страни и портали со таквото негово однесување кое е далеку од примерно.
Но она што е најново во оваа „медиумски фаворизирана“ приказна во која негативците стануваат популарно е изјавата на неговата родена сестра Кристина Голубовиќ која како што кажа во гостувањето на една телевизиска емисија целосно и во се му дава поддршка на нејзиниот брат.
-Јас отсекогаш сум била горда на мојот брат. Тој е едно големо дете во душа. Ние сме воспитани да секогаш го кажуваме тоа што го мислиме. Не дозволуваме никој да ни пререче. Јас почитувам жени кои се машкоданки и јас сум таква. Како и мојот брат и јас многу сакам да се тепам – кажала Кристина во емисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.