Металург во петтото коло во рамките од Лигата на шампионите и гостува на незгодната екипа на Баја Маре во Романија.
По половичниот успех во првите четири кола и пропуштената шанса за бодови на гости во претходното коло против Скјерн, екипата на Лино Червар ќе се обиде да дојде до позитивен резултат.
Во прилог на тоа оди и доброто прво полувреме против Баја Маре во кое металурзите имаат само еден гол негатива (10-9).
Одбраната повторно е на ниво примајќи само 10 гола, но слабата реализација во нападот продолжува и понатаму бидејќи Металург во период од повеќе од 10 минути кон средината на полувремето успеа да даде само еден гол. Сепак за тоа време ниту Баја Маре не успеа да значително да се одлепи освен при серија од 3-1 кога стигна до најоплиплива предност од 9-6. Во последните пет минути, македонскиот тим ги консолодира редовите и успеа да дојде поднослива предност за противникот.
Во вториот дел се очекува Металург да ја забрза играта да се обиде да постигне неколку брзи голови за да дојде до пресврт и значајна победа во групата Д каде до последното коло ќе се бори за едно од првите две места кои водат во разигрувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.