-Колку што ни е познато, немало средба со заменик шефот на Мосад. Таква средба не била ни планирана, вели во изјава за МИА израелскиот амбасадор Дан Орјан запрашан дали лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев за време на посетата на Израел се сретнал со шефот на Мосад или друг претставник на израелската тајна служба.
– Имаше средби со претседателот Реувен Ривлин на која присуствуваа и амбасадорите на двете земји и средба со министерот Силван Шалом, вели амбасадорот Орјан.
Дел од медиумите кои ја следеа посетата на Заев на Израел, повикувајќи се на, како што наведоа, високи партиски извори, објавија дека лидерот на СДСМ имал срдба со вториот човек на Мосад.
Ова е втора жешка шлаканица од Израел за Заев. Државата со која Македонија има пријателски однос, претходно го демантираше Заев дека на средбата се разговарало за таканаречените бомби. Изјава која лидерот на СДСМ ја даде на само неколку метри од владината зграда на Израел.
Остра реакција за неговата изјава стигна директно и од вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Израел Силван Шалом кој демантираше дека на средбата со лидерот на СДСМ разговарал за донацијата.
Во соопштението стои дека се работело за куса куртоазна средба со лидерот на опозицијата Заев што е нормално за две пријателски земји.
-На средбата се разговарше за општи прашања, особено околу потребите за подобрување на односите меѓу Израел и Македонија. Министерот нагласува дека на средбата не се разговараше за било какви безбедносни или финансиски прашања, стои во соопштението кое го пренесе израелскиот амбасадор во Македонија Дан Орјан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.