Шпанија е пресилен противник за Македонија, а светскиот првак, одново не победи за кус рок од 5 дена, овојпат со 29-17. Во првото полувреме игравме добро, и им покажавме заби на светските прваци, иако ниту еднаш на мечот не водевме. По 15. минути игра имавме негатива од 2 гола, 4-6. Го затворивме пивотот Буена, кој ни задаваше најмногу проблеми во Скопје, но немавме решение за бековите Македа и Томас и за крилото Ривера. Негативата од 4 гола разлика на паузата меѓу двете полувремиња, ни даде надеж за добар резултат, но изгледа само ги налутивме Шпанците. Светските прваци почнаа фуриозно и со серија од 11-1 направија двоцифрена предност од 23-12.
Македа, Томас и Ривера, лесно погодуваа и позициски и од контри, а ние имавме премногу загубени топки. Не успеавме да ги намалиме овие пропусти од Скопје, па Шпанија не казни. Со серија од 16-6, шампионите поведоа со двоцифрена разлика од 23-12. Наизменично, голот на Митревски и на Ангелов го решетаа, Македа, Томас и Ривера, најефиакасното трио на мечот во Гвадалахара. Тројцата дадоа вкупно 17 гола, колку и целата наша репрезентација.
Кај нас најефикасен беше Ојлевски со 4 гола. По 2 постигнаа Мојсовски, Левов и Темелков, премалку за посериозен отпор на актуелниот светски првак, Шпанија.
За нив продолжението од квалификациите ќе биде само формалност, бидејќи имаат максимален учинок од 8 бода и веќе се на пат за Данска, на ЕП 2014.
Ние ќе мора да се потрудиме самите и да се надеваме на фер-плеј токму од Шпанија. Мора да ги победиме Швајцарија на гости и Португалија дома на 12. и 16. јуни, а притоа Шпанија да ја победи Португалија во последната рунда на гости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.