| четврток, 6 декември 2018 |

Иконата на Рома Франческо Тоти, добива доживотна функција во клубот

Живата легенда на Рома, капитенот Франческо Тоти ја игра својата 24.година во дресот на својот матичен клуб, и по завршувањето на оваа сезона ќе се повлече од активното играње фудбал.
Тоти е вистинска икона на „римската волчица“ и токму поради тоа клубот му понуди доживотна функција во екипата. Раководството веќе има подготовено понуда за Тоти која посеизгледа немоеже да ја одбие. Тој самиот ќе треба да одбере дали ќе сака да биде дел од раководните органи, или пак да биде дел од менаџментот.

– Тоти ќе остане дел од Рома целиот свој живот, се додека тој сака да биде дел од клубот. А знам колку многу ја сака Рома и мислам дека ќе биде многу корисен и во иднина, како што тоа беше и се уште е како фудбалер. Тој е симбол на верноста кон Рома, и клубот ќе му понуди доживотна функција. Ќе треба само да ги разгледаме сите можности и да видиме каде ќе му биде најкомфорно, дали во техничкиот дел или пак во менаџментот. Можеби и како човек кој ќе го репрезентира клубот во Европа, со оглед дека е извонредно поволна личност од маркетиншки агол – изјави генералниот директор на Рома, Мауро Балдисони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top