| четврток, 6 декември 2018 |

Мадуро: Кој не гласа за мене да го фати клетва

Ако некој гласа против Никола Мадуро, тогаш гласа против себе и врз него ќе падне клетва Макарапана, порача кандидатот за претседател на Венецуела, мислејќи на битката од 16 век кога шанските колонијални сили масакрирале локални индијанци.

Вo исто време, вршителот на должност претседател на Венецуела ги обвини САД дека подготвуаат завера против него. Мадуро тврти дека поранешните американски административци Роџер Нориега и Ото Рајх кои се задолжени за политиката на САД кон Јужна Америка, подготвуваат завера за негово убиство за да спречат негова победа на изборите.

–      Во таа завера се замешани и „десничарски сили“ од Салвадор. Нивната цел е да ме убијат, обвинува Мадуро.

Неговиот противкандидат, опозиционерот Енрике Каприлес рекол дека тој кој му се заканува на народот со клетви нема право да ја води земјата. Каприлес истакнал дека на Венецуела и е потребен нов почеток по владеењето на Уго Чавез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top