| четврток, 6 декември 2018 |

Светскиот ден на здравјето посветен на намалување на ризикот од хипертензија

Под мотото „Контролирај го крвниот притисок!“ денеска се одбележува Светскиот ден на здравјето. Целта е да се намалат инфарктите на срцето и мозочните удари што се резултат на покачениот крвен притисок.

Пораката е да се вршат превентивни прегледи со редовна контрола на крвниот притисок, што заедно со  останататите ризик фактори одржување нормално ниво на шеќер во крвта, холестеролот, примена на физичка активност намалена употреба на сол, може да доведе до намалување од ризикот на ова заболување.

Во светот има 1.000.000 случаи на хипертензија. Во Македонија болнички се лекуваат 2.500 пациенти од покачен притисок или 11.8 отсто на 10.000  жители од кој повеќето се жени, а се евидентирани и лица на возраст од 14 години.

Со програмата „Здравје за сите во Република Македонија“, која започна во 2007 година на пунктови на фреквентни места се проверува и крвниот притисок. Од почетокот на акцијата досега се извршени над 100.000 бесплатни превентивни прегледи.

Според Институтот за јавно здравје, со бесплатните прегледи во 2012 година во Македонија, подеднакво се опфатени мажите и жените. Осумдесет проценти од прегледаните се на возраст над 50 години, кај 27 отсто е детектирана состојбата на здебеленост, ризични вредности на шеќер во крвта имале 7 проценти од прегледаните, а 9,4 отсто со зголемен холестерол, висок крвен притисок е откриен кај 11 проценти а висока ризичност со дијастолен крвен притисок кај 16 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top