| четврток, 6 декември 2018 |

Шимпанзото Коко се враќа во Скопје

Шимпанзото Коко е здрав, весел и по 6,5 години ресоцијализација во Холандија спремен да се врати во својот роден град. Она што треба да се направи е да му се изгради ново живеалиште согласно стандардите пропишани од Светската асоцијација за заштита на животните, изјави за „Вечер“ портпаролот на скопската Зоолошка градина Дане Кузмановски.

– Би било навистина неприфатливо животно со толку развиен интелект, какво што е Коко, да не му обезбедиме исти услови во какви што тој живее денес. Во моментов екипа на нашата ЗОО престојува во Алмере, Холандија каде се врши усогласување на проектот за реновирање на живеалиштето што го изработивме ние, со стандардите кои се бараат за да ни го вратат. Се надеваме дека реновирањето на новото живеалиште за шимпанзото кое претставуваше заштитен знак на зоолошката ќе започне наскоро и дека тоа ќе го сториме брзо и експедитивно со помош на институциите и компаниите, вели Кузмановски.

koko

Кусо време по раѓањето мајка му почина од туберкулоза, а тој остана сам и падна во депресија. Почна да си ги кубе влакната и да се удира на шипките од кафезот. Поради тоа, во април 2009 година како 13-годишник замина во Холандија на ресоцијализација. По неколкугодишниот третман тој е сосема излечен и во одлична кондиција, спремен за враќање. Доколку се оди според планираното, тоа би требало да се случи следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top