МЗТ Скопје денеска успеа да слави втора победа во АБА лигата оваа сезона на домашен терен против Игокеа.
Големите падови во текот на еден меч како што се случи и попладнево и на двете средби против Партизан и Мега Лекс стратегот на металците, Алеш Пипан го брани со проблемот на резервните играчи кои не се на исто ниво како и стартната петорка и има проблем во ротацијата на играчите од клупата.
– Ова е апсолутно заслужен триумф на моите кошаркари. Сакам да им честитам за победата до која дојдовме многу тешко. нам дека повторно акцент ќе се стави на големиот пад во финишот, но факт е дека одигравме три одлични четвртини, особено во одбраната, кога целосно ги неутрализиравме нивните главни играчи. Факт е дека ние немаме 12 играчи на исто ниво, па кога го менуваме составот доаѓа до пад на ритамот.Бевме во тешка ситуација пред овој меч, но победата ни ја враќа самодовербата. Наша цел е да ја совладаме Сутјеска на гостински терен во следното коло, со што би ја потврдиле денешната победа – изјави Алеш Пипан на прес-конференцијата по натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.