Еден од тројца Германци, односно 33 отсто бараат оставка од канцеларката Ангела Меркел заради нејзината миграциска политика, покажуваат резултати од спроведена анкета на списанието Фокус, јавува ДПА.
Повеќе од половината- 52 отсто анкетирани, се против оставка на Меркел. Петнаесет отсто не одговориле на прашањето.
Анкетата била извршена во периодот од 9 до 12 октомври.
Најмногу „баратели“ за оставка на Меркел има меѓу новата десничарска партија Алтернатива за Германија – 86 отсто, меѓу либералдемократите – 39 отсто и меѓу „левите“ – 38 отсто. Меѓу владејачкиот десноцентристички блок оставка од Меркел бараат само 14 отсто. Меѓу СДП – 30 отсто и меѓу Зелените – 20 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.