| четврток, 6 декември 2018 |

Црна Гора прв тест за Македонија пред стартот на квалификациите за СП

makedonija spanija (21)

Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар на 12. ноември во Скопје против селекцијата на Црна Гора, како прв тест пред стартот на новиот квалификациски циклус за пласман на СП.

Досега Македонија и Црна Гора одиграле два дуели, и имаат по една победа. Македонија славеше во Скопје, додека Црногорците беа поуспешни во Подгорица. И двете репрезентации нема да играат на ЕП во Франција, следната година по неуспешните квалификации.

Репрезентацијата на Црна Гора е рангирана на 72. место на листата на ФИФА. Тие во групата Г од квалификациите за ЕП 2016 година, се пласираа на четвртата позиција во конкуренција на Русија, Шведска, Австрија, Лихтенштајн и на Молдавија. Македонија беше последнопласирана во Ц групата, зад Шпанија, Словачка, Украина и Белорусија. Со Луксембург имаме ист број бодови по 4, но и полош мешсебен скор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top